Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова европска турнеја во неколку значајни европски метрополи: Берлин, Копенхаген и Стокхолм како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ.
Веќе од утре Османи е во посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.
Од Берлин Османи во вторник (4 мај) директно заминува за Копенхаген, на средба со својот хомолог и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.
Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм (5 мај), каде ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.
Cентрални теми на средбите ќе биде европското досие на земјава, и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.






