Синоќа во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време.
Ообјектот е запечатен со пломба и затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.







