Mакедонските државјани кои се на возраст под 60 години и примија прва доза на вакцина против ковид-19 од „Астра Зенека“ во Србија, нема да можат да се ревакцинираат со истата вакцина во земјава, кажа министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју за „360 степени“.
Ова од причини што Македонија одлучи вакцината на „Астра Зенека“ да не ја дава на лица под 60 години.
„Има граѓаните кои во Србија примија и друга вакцина, па се ревакцинираа во земјава. Нема да може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ само помладите од 60 години, поради одлуката што ја донесовме да не се дава таа вакцина на оваа категорија на граѓани. Но, нашите ескперти ги следат ставовите на многу различни агенции на европски земји за тоа дали ќе може евентуално како ревакцина да се прими друга вакцина од друг производител. На пример, Германија препорачува за втора доза односно ревакцина да биде вакцината на ‘Фајзер’“рече Филипче.






