Според Кривичниот законик, Саша Богдановиќ во зависност од ставот, може да се соочи со затворска казна од 5 години согласно членот 353 од истиот законик со кој се санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања, открива порталот Инфомакс.
Опасноста по Богдановиќ доаѓа откако е откриено дека градоначалникот е единствениот кој можел да издаде дозвола за градба во период кога во Центар важела одлука на Советот на општината за мораториум и неиздавање на дозволи за градба.
Според порталот се работи за издадената дозвола на „ЗСФ КОМ“, компанија на познат скопски бизнисмен која добила дозвола за градба на 22.01.2018 година, иако еден месец претходно Советот на општина Центар донел одлука со трајност од два месеци од денот на донесувањето дека нема да се издаваат дозволи за градба на подрачјето на општината.
Градоначалникот е должен да ги почитува одлуките на Советот и да ги спроведува, нешто што не е направено во овој случај.
Повеќе детали и документи на овој ЛИНК
Пред дестина дена Богдановиќ беше предмет на критика на јавноста откако беше фатен во угостителски објект по полицискиот час но тврдеше дека пречекува кошаркар на Работнички што во Македонија стигнал една недела претходно.






