Секоја избрзана одлука или реформа е без сомнение предодредена да пропадне оценува ветеранот во образованието, Авзи Мустафа проценува. Спооред него, со учење од дигитални книги, децата ќе почнат да забораваат, бидејќи опкружени со технологија, тие прифаќаат често непотребни информации.



„Немаме никаква анализа за да видиме кои се позитивните аспекти на класичниот учебник и кои се позитивните аспекти на дигиталниот. Но, не е суштината на учењето да добијат учениците само знаење. Да го поврзам со дигиталните книги, ни наставниците, ни учениците не се подготвени со дигитални вештини. Прашањето за образованието е демократско прашање и ако е демократско, дозволете му на ученикот да учи како што сака”, вели проф. Мустафа за Алсат М.

Невраќањето на учениците во училиштата и немањето план тоа да се случи во септември, Мустафа смета дека е апсурд.

„Не се подготвени, но има и други лоши работи. Тие сакаат да заштедат затоа не сакаат да отвораат училишта со физичко присуство. Улиците полни, кафулињата полни, а училиштето не. Затоа, тие сакаат да ја префрлат вината во Бирото или на Комисијата за здравство. Тоа е нетолерантно за мене”, додава проф. Мустафа.