Македонија ќе треба да ги врати парите доделени од Европската унија преку ИПА фондовите, поради злоупотреба.
Како што пренесува „Сакам да кажам“, заврши истрагата против Јахи Јахија, поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, осомничен дека зел мито од италијанска фирма на која ѝ оддал доверлици податоци за да победи на тендер. Јавната набавка била со средства од ИПА фондовите на ЕУ.
Вредноста на тендерот е милион и двесте илјади евра. Според регулативата на Европската унија, во државата која е корисник на средства од овие фондови, ако се открие злоупотреба со нив, треба да ги врати сите средства, до евро, колку што бил грантот.






