Една од активистките против планот на Царовска за укинување на печатените учебници како дел од реформата на образованието побарала од наставничката на нејзиното дете да не му става неоправдани часови затоа што наредниот ден нема да се појави на настава.
Одговорот од наставничката гласи дека таа и нејзините колеги имаат добиено насоки за евидентирање на недозволено отсуство или неоправдани часови за сите што ќе бојкотираат.
Од објавената преписка не се гледа кој ја дал наредбата за казнување на учениците бојкотирачи но таа е во согласност со тоа за што се залага министерката Царовска.
Зошто Царовска инсистира на своите радикални ставови контра најголемиот дел од родители се уште е нејасно.
Дел од активистите против печатени учебници се сомневаат дека МОН на тој начин лесно ќе може да ги менува учебниците согласно политичките диктати на соседните земји а некои се сомневаат дека во позадина на таканаречената дигитализација стојат лукративни причини.





