Генерал-мајор Павле Арсоски кој е командант на Командата за операции во Армијата на Република Македонија е еден од блиските офицери на врховниот командант претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана и Вице премиерка Радмила Шеќеринска кој секојдневно им држи лекции по чест и достоинство.
За разлика од Пендаровски и Шеќеринска Генералот Арсоски во своите коментари на социјалните мрежи никогаш не го користи зборот Северна.
Во сите свои постови на Твитер и Фејсбук генералот Арсоски користи само Македонија или македонски без воопшто да го спомене зборот на С.
Во текот на промената на името на државата и на Армијата генералот кој е главен кандидат за иден началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија никогаш јавно не реагирал за промената на уставното име.
Сега откако негови колеги од врвот на Армијата и од военото разузнавање го пријавиле Арсоски дека не го користи зборот Северна генералот кој има одлична воена кариера се соочува со опасност да настрада поради зборот Северна и да не стане прв човек на Генералштабот на АРМ.
Вечна им слава и сеќавање на јунаците кои пред 20 години на денешен ден, на патот меѓу селата Селце и Вејце на Шарпланина, ги дадоа животите за одбрана на татковината Македонија. pic.twitter.com/5By89x2mUx
— Pavle Arsoski 🇲🇰 (@PavleArsoski) April 28, 2021






