Фактор: Поделба меѓу охридските социјалдемократи!?

Повеќе долгогодишни советници во Советот на општината Охрид и истакнати членови на СДСМ од Охрид, формирале Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори. Мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „ОХРИД ПРЕД СЕ“, објави Фактор.



Додаваат дека намерата на Иницијативниот одбор е да создаде изборна листа на кандидати за членови на Советот на општина Охрид кои непосредно ќе ги претставуваат интересите на своите сограѓани, интересите на еснафот, на работниците, на охридските маала и населени места.

Bез примање наредби од политичките партии и внатрепартиските хиерархии. 

Членовите на СДСМ од таканараченото старо крило на партијата, нивното отцепување на независна листа извори од партијата го толкуваат како израз на наталоженото незадоволство во партијата.

За нив е неразбирлив потегот за разрешување на Стојко Пауновски, довчерашниот директор на Државниот пазарен инспекторат кој пак исто така е дел од тоа крило на СДСМ, пишува порталот..