Павлина Црвенковска нов претседател на Судскиот совет

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ја избра Павлина Црвенковска за нов претседател.



Црвенковска, по изборот, порача дека нема да ја изневери дадената доверба и се заложи дека професионално со целиот свој интегритет ќе ја извршува функцијата претседател на Судскиот совет, пренесе Плусинфо

Црвенковска е избрана за член на Судскиот совет од Собранието во декември минатата година. Од 2006 година до 2020 година работела како судски советник во Апелациниот суд Скопје. Претходно од 2004 година до 2006 година работела како државен советник во Владата, а има работено и како раководител на одделение во Министерството за одбрана. Од 1998 година до 2002 година работела како адвокат, а од 1996 година до 1998 година како генерален секретар на Комора на приватен капитал на Република Македонија.