Воз излета од шини, во застој возовите на Коридорот 10

Утрово, товарен воз се излизга на пругата во село Романовце, Кумановско.



Нема повредени лица, соопштија денеска од ЈП за Железничка инфраструктура, Железници на Република Македонија- Скопје, но хаварисани се 14 вагони.

Оштетена е и пругата и ќе има застој на коридорот 10.