За разлика од српскиот колега, македонскиот претседател по посетата на Брисел не најавува никаква финансиска или друга конкретна помош од Европската Унија.
Стево Пендаровски во Брисел од засега непознати причини не се сретна со шефицата на Европската Комисија ниту од таму најавува помош за државата каква што ќе добие Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред само 4 дена по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево.
Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Македонија, изјави Вучиќ.
-Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.
Дополнително Вучиќ објави и 86 милиони евра директна неповратна помош.
Данас смо добили 86 милиона евра бесповратне помоћи ЕУ и бескрајно хвала људима у Бриселу, ЕК, али и грађанима ЕУ који су издвојили значајна финансијска средства за Србију. @FabriziSem https://t.co/2zjeVgC0Sp
— Александар Вучић (@avucic) April 23, 2021
Пендаровски од Брисел објави дека се сретнал со повеќе функционери на ЕУ и НАТО но без најава на пари за Македонија.
Првиот ден од посетата на Брисел заврши со средба со @eucopresident претседател на @EUCouncil. Понатамошно одложување на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија 🇲🇰со ЕУ 🇪🇺 може да биде ризично за целиот регион. pic.twitter.com/vzVxAQp8RV
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) April 27, 2021
Во своите објави на социјалните мрежи и изјавите тој упатува предупредување до ЕУ дека на регионот му се заканува нестабилност ако не почне почетокот на преговорите но без најава за никаква финансиска помош од страна на Брисел каква што доби неговиот српски колега пред само неколку дена.
За разлика од Вучиќ чија земја воопшто не е во НАТО а доби стотици милиони евра од ЕУ Пендаровски посетуваше музеи во Брисел.
На иницијатива на @Europarl_EN и тогашниот претседател Ханс-Герт Потеринг пред 4 год. во Брисел е отворен музејот „Куќа на европската историја“. Преку изложби, достапни на сите 24 официјални јазици на #ЕУ, @HistoriaEuropa ја промовира европската и историјата на евро интеграциите. pic.twitter.com/uyHAYIqpiy
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) April 28, 2021





