Стопирање на постапката за измена на законот за учебници и дидактички материјали побараа денеска претставници на неформална Фејсбук група на родители на на прес конференција.
Тие сметаат дека предложеното законско решение не ги решава проблемите во образованието туку ќе создаде нови, наведувајќи дека секое седмо дете во државата нема дигитален уред или пристап до интернет и бараат директно и непосредно учество на стручни лица и претставници од групата на граѓани за ревизија и интервенции во законот.
Од групата на родители најавија дека утре ќе се бојкотира наставата и со физичко присуство и онлајн. Ако не им се одговори на барањата, од таму најавуваат и протести и разни граѓански иницијативи.
Како што рекоа претставниците, неформалната група родители има 70.000 членови, пренесе Алсат М






