И трансродовите лица ќе добијат идентитет

Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција.



Со ова, ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права.