Партијата на Трифонов го врати мандатот, на ред е БСП…

Антоанета Стефанова, предложена за премиер од „Има таков“ народ второпласираната на изборите, денеска го доби но и веднаш го врати мандатот за формирање влада.



По враќањето на мандатот, претставниците на „Има таков народ” нагласија дека нема услови тие да ја формираат новата влада на Бугарија.

„Ние од партијата „Има таков народ“јасно изјавивме дека нема да влеземе во никакви коалиции со партии од статус кво и го одржуваме ветувањето. Не е нормално да создаваме непринципиелна коалиција”, рече Стефанова

Претседателот Румен Радев, од своја страна, рече дека иако е убеден во потребата од стабилна редовна влада, ја разбира нивната намера да го вратат мандатот и барањето дека не сакаат да се приклучат на непринципиелни коалиции. Сепак, на земјата и требаат ефективна влада и управување повеќе од кога било, рече претседателот.

Според Уставот, претседателот на Бугарија сега треба да ѝ врачи трет мандат на партија што тој ќе ја избере од Парламентот, најверојатно социјалистичката БСП..

Ако и тоа не биде реализирано, претседателот со декрет го распушта Парламентот и определува датум за предвремени парламентарни избори и формира привремена влада за да управува со Бугарија во следниот период.