Ќе биде ли Еди Рама и по трет пат премиер

Владејачката Социјалистичка партија победи на парламентарните избори во Албанија во неделата, според првичните резултати на Централната изборна комисија.



Партијата на премиерот Еди Рама освои нешто над 49% од гласовите, втора е опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша со поддршка од околу 43,5 проценти.

Сепак, медиуми коментираат дека и покрај нивната водечка позиција во преференциите на гласачите, социјалистите може да не успеат да обезбедат 71 место во парламентот со 140 члена за самостојно управување.

Конечните резултати од гласањето се очекува да бидат објавени денес.

Во изминатите 8 години Еди Рама во 2 мандати ја предводеше албанската влада, па многумина оценуваат дека овие избори може да доведат до пресврт.