Кој ја “пробил” долго подготвуваната анти-нарко операција “Планина”

По едномесечен молк во врска со истрагата за пробивањето на акцијата „Планина“ новинарот Александар Митовски во текст на Инфомакс наведува на сомнеж дека во позадина се подготвува заташкување на случајот и затскривање на кртот во институциите кој ги предупредил нарко-босовите од Грчец навремено да се дадат во бегство.



“Дали кртот бил дел од оперативниот штаб на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција или пак од МВР, на јавноста не и е дозволено ниту да поставува прашања – особено кога прашањата се во вистинската насока. Одговор со латентна закана доби редакцијата на „Инфомакс“ на прашањата поставени до ОЈОГОКК. Од МВР пак добивме замолница да наидеме на „разбирање“ поради сензитивноста на истрагата во која тие не сакаат да бидат алиби за евентуална компромитација на истата”, пишува Митовски кој отркува како изгледа постапка за спроведување на оперативна акција од обем како „Планина“.

“Според Законот за кривична постапка, во оперативни обработки, односно оперативни акции како „Планина“ главниот збор го има јавниот обвинител. Тој ги прибира потребните информации, ги процесуира и дава наредби за стратешките чекори во истрагата. Јавниот обвинител гради и стратегија за истрагата која ја координира со соодветните служби во Министерството за внатрешни работи.

Кога станува збор за „Планина“, главниот збор го има шефицата на ОЈОГОКК Вилма Русковска. Таа ги издава наредбите за истражните дејствија, а службите на МВР се нејзин сервис во истрагата – конкретно, во инструметариумот на Русковска за оваа акција на располагање се ставени Одделот за организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање на трговија со наркотици и оружје”, пишува Митовски кој во текстот што може да го најдете на линкот подолу открива кои се можните осомничени за” пробивањето на акцијата “Планина”.

Линк до деталите