Нов гаф на владата, го промаши името на реисот на ИВЗ

Во соопштение за јавноста по средбата меѓу владин тим и поглаварите на МПЦ-ОА и ИВЗ прес службата на владата вчера направи нов гаф во кој е промашено името на реисот на Исламската верска заедница.



Наместо на реисот Шаќир Фетаи владата во соопштението му се заблагодари на екс реисот Сулејман Реџепи.

“Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Сулејман Реџепи за придонесот во справувањето со пандемијата.

Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството”, пишуваше во првата верзија на соопштението на прес службата на владата.

Подоцна прес службата ја исправи грешката но срамот и принт скриновите од гафот останаа да сведочат за аматеризмот во владата.

Промашување на име на поглавар на верска заедница во владини протоколарни објави во најголем дел европски земји се сметат за навреда за која мора да следува јавно извинување.

Линк до последната верзија на соопштението каде е променето точното име и презиме на реисот на ИВЗ.

https://vlada.mk/node/25012