Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев реагира за објавата на Твитер од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје за 80-годишнината од почетокот на окупацијата на Македонија од Бугарија во Втората светска војна.



„Уште еден пример за ‘исклучително добронамерна и соодветна на историските факти’ политика на Кремљ на Балканот.

Раздели, па владеј!

Општо познато е дека до април 1941 година Сталин и Хитлер се сојузници. Бугарија никогаш не ја нападнала Кралска Југославија, а Македонија воопшто не постои како држава и е под жестока српска окупација. Дури зборот Македонија е забранет од Србите. Затоа нашите предци ги пречекуваат сонародниците како ослободители од децениското ропство.

Колку е тажно кога лагите се толку рамни и со јасна желба да нè скараат колку што може повеќе“, коментира на Фејсбук пратеникот во Европскиот парламент од ГЕРБ на Бојко Борисов за твитот на руската амбасада во Македонија: