„Јас сум те ставил, јас ќе ти кажам што ќе правиш“ е пораката од Заев до Стојко Пауновски. Ставањето на функционер не значи дека тој ќе биде ваш послушник, тој треба да има интегритет, доколку таа институција има скандали или проблеми, одговорен е тој човек, но не да се разрешува за невработување на луѓе кои смета дека не се потребни, вели Божиновски.
– Сега и да не го сменат Пауновски штетата е направена, Заев ја направи штетата. Доколку именувате некој, тој треба да го оставите да си ја води институцијата, треба да му вршите контрола, но не да се меша, особено не во решенија за кои функционерот има против аргументи, рече политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во своето гостување во емисијата „24 анализа“.
Дали ова е обид за дефокус или ќе има реални процеси како оној за Драги Рашковски, висок владин функционер, ќе треба да помине време за да видиме дали и каква завршница ќе има, од тоа ќе се знае дали имало старт на борба со корупцијата и криминалот, рече Божиновски.
Говорејќи на темата за предвремени парламентарни избори, Божиновски рече дека кога се победува со еден пратеник разлика се надзираат проблеми.





