Градежниците најавуваат дека трендот на зголемување на цените ќе продолжи поради драстичниот раст на цените на градежните материјали. Челикот има нова, повисока цена, за 80 насто, додека другите градежни материјали се поскапи и за 50 насто.



Градежниците се пожалија дека здравствено економската криза удрила и врз овој сектор. Лани на квартално ниво или имале огромен минус, или пак минимален раст во работата.

„Наша констатација е дека со покачување на минималната плата и трендот што се најавува дека ќе се покачува минималната плата, а со најавените покачувања на репроматеријалите во моментов цениме дека цените на становите ќе растат“, рече Андреа Серафимовски претседател на Здружението на градежништво, пренесува Алсат.

Бараат од Владата да подготви пакет мерки за нив, за како што велат, последиците да им бидат помали.

Цената за квадратен метар новоизграде стан во Скопје достига и до 2.000 евра.