Густав Ростед е Данец со потекло од Фарските острови, кој поминал низ 130 земји во период од 7 години.
Секаде каде што патува снима интересни видеа.
Во Македонија пред неговата камера ги прашал граѓаните која земја не ја сакаат.
На прво место меѓу добиените одговори е Србија, но притоа треба да се знае дека сите претежно млади луѓе што како одговор на прашањето која држава не ја сакате го дале името на северниот сосед, се етнички Албанци од Македонија.
По некој одговор се однесува и на Грција и Бугарија, Албанија, Романија но генерално Македонците не мрзат ниту една држава посебно.
За тие што не знаат англиски или германски јазик Ростед анкетираните ги прашува: која држава не ја сакате.





