Ако се` почесто се прашувате како некои жени константно изгледаат млади, одговорот, освен во генетиката, сигурно лежи во нивната нега на кожата. Ова се нивните најголеми тајни кои и вие можете да ги примените.



Познато е дека витаминот Ц има добро дејство на цел наш организам, но често забораваме дека тој поволно влијае и на нашата кожа. Витаминот Ц ја обновува кожата најмногу додека спиеме. Во комбинација со цинк има најдобро дејство.

За кожата, важно е и спиењето и мирниот сон. Осум часа дневно се сосема доволни за кожата да се обновува. Не заборавајте пред спиење да го исчистите лицето и да нанесете хранлива крема.

На појавата на брчки влијае и перницата на која спиете, односно материјалот од кој е направена. Наместо памучна, подобро изберете перница од свила, која допринесува за самохидратација на кожата на лицето за време на ноќта.

Најмалку осум чаши вода дневно ќе направат вашата кожа да биде здрава и сјајна.