Првите прелиминарни резултати на Централната изборна комисија во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои најмногу – 46,27 проценти од гласовите на вчерашните парламентарни избори.



Според Централната изборна комисија, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша доби 44,71 процент од гласовите, а Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета доби 6,67 проценти од гласовите.

Синоќа, лидерот на албанската опозициска Демократска партија прогласи победа , само два часа по завршувањето на процесот на гласање. “Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победата”, рече Баша, пренесуваат агенциите.

Тој рече дека е убеден дека граѓаните масовно гласале за „Алијансата за промена“ и дека „на крајот, Албанија ќе победи“, нагласи Баша.

Победа прогласи и сегашниот албански премиер Еди Рама.

Околу 3,6 милиони албански граѓани со право на глас вчера избираа пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.

Правото на глас го оствариле 48,2 отато од вкупно запишаните во единствениот избрачки список и оти изборите минале во мрна атмосфера.