Поранешниот пратеник од СДСМ и активист, Павле Богоевски, на фејсбук даде своја „оценка“ на денешниот семакедонски собир за одбрана на уставобранителите.
„Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа“.
Тоа што се случи на 27-април, според него е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
„Според Член 313 КЗ на РСМ, Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ)“, напиша Богоевски на Фејсбук







