Русија нема да испраќа дипломати во „непријателски земји“

Владимир Путин потпиша указ со кој се ограничува бројот на вработени, односно целосно се забранува вработување во руѕските амбасадите на „непријателски“ земји.



Одлуката на Путин доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Москва и Западот, како и по протерувањето на руски дипломати од САД и земјите од ЕУ.

Путин на Владата и нареди да направи список на земји кои се сметаат за непријателски расположени.

Забраната за вработување не се однесува само на амбасадите на тие земји, туку и на конзуларните оддели и други институции.

САД минатата недела протераа 10 руски дипломати за наводно мешање во Москва на изборите во 2020 година и за сајбер напади врз софтверот на федералните агенции.

Чешка протера и 18 руски дипломати, кои ги нарече шпиони, додека Москва испрати 20 Чеси дома.

Ова практично ја оневозможи амбасадата на Чешка во Русија да работи, па Чесите протераа уште 63 Руси – така што сега и двете земји имаат ист број вработени во амбасадите.

Полска протера тројца Руси, Москва протера пет Полјаци за возврат. Литванија, Летонија и Естонија наредија четворица руски дипломати да заминат.