Мицкоски: Не смееме да премолчиме неправда, уставобранителите се чесни луѓе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше меѓу илјадниците луѓе кои денеска протестираат против драконските казни за луѓето осудени за 27 април.



“Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации.

Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја”, порача Мицкоски од протестот поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ.