Трајанов: Коалицијата ДС, ДОМ и ЛДП е нова политичка сила

Заедничкиот настап на локалните избори, за што е постигнат начелен договор меѓу Демократскиот сојуз, ДОМ и ЛДП претставува промоција на нова политичка сила, вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.



„Во суштина, промовираме формираме нова политичка сила, подготвена за промени, борба против урбаната мафија, создавање на еколошка здрава средина и економски развој на локалните единици. Имаме огромна поддршка за пресврт во политичкото дејствување и пораз на погубните политики, како и афирмација на националните и стратешките интереси на државата“, истакнува Трајанов за Фокус.

Оваа тројна коалиција во најава планира да настапи со заеднички советнички листи, но и со заеднички кандидати за градоначалници во многу општини низ државата, со цел да биде алтернатива на СДСМ и ВМРО, но и на Левица.