Американската амбасадорка Јури Ким одговори на обвинувањата на албанскиот претседател Илир Мета дека дипломатката зазема страна во изборите, и ѝ порача да не се меша во внатрешните работи на Албанија и дека не се плаши бидејќи не само „американцитѕе имаат носачи на авиони. Има и Русија“.
„САД не поддржуваат ниту една партија, туку правото на слободен глас во Албанија”, одговори на оваа порака амбасадорката Јури Ким на Твитер.
„Денеска се сретнав со лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, како што во изминтите 48 часа се сретнав со лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама и со шефот на државата Илир Мета. Повторуваме дека САД не подржува ниту една партија или кандидат. Ние го поддржуваме апсолутното право на сите граѓани во Албанија да гласаат слободно и во мирна атмосфера, напиша амбасадорката Ким.
Денеска во Албанија се одржуваат парламентарни избори а анкетите предвидуваат тесна трка.







