Ви ја препорачуваме како хранлив ручек во периодот кога деновите почнуваат да стануваат се постудени. Релативно е ефтина за подготовка и преполна е со здрави хранливи состојки!
Потребни состојки:
-600 гр. пастрмка
-3 моркови
-2 пашканати
-2 ловорови листа
-10 зрна бибер
-3 литри вода
-100 мл маслиново масло
-4 лажици брашно
-6 чешниња лук -сол по вкус
-1 лажица мешан зачин

Рибата се вади од водата. Се вади кожата и се чисти месото во малечки парчиња. Оставаме на страна.



Во загреано тавче, го ставаме маслиновото масло, се додава брашното и убаво се промешува на што се додава лукот. Се меша додека малку зарумени. Ваквата смеса се додава на водата.
Откако водата со запршката вари 15 мин., ги додаваме парчињата риба и исецканиот морков и пашканат. Се посолува и се вари уште 10 минути.