Полициските притисоци одбиени: Тетовските “Војводи” утре ќе маршираат за уставобранителите

Навивачката група “Војводи” од Тетово не се повлекува од намерата утре да присуствува на протестот за ослободување на уставобранителите што ќе се одржи во 11 часот пред владата на Македонија.



Војводи откриваат дека врз нив се врши силен притисок да не одат за Скопје.

“Сите притисоци, информативни разговори и опoмени кои се прават деновиве врз наши членови од страна на полицијата нема да не поколебаат и натераат да се повлечеме или откажеме од утрешниот протест, напротив вакви притисоци повеќе не мотивираат и мобилизираат.
Да не бевме Војводи можеби ќе не уплашевте, но и затоа не секој може да биде војвода.
УТРЕ СИТЕ ВО СКОПЈЕ !
За Никола Ниџе, за Јане Ченто, за Горан Ангелов, за Вили Гајда, за Игор Југ и за сите уставобранители !
СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ !!!”, пипува во јавната реакција на “Војводите” кои утре во 11 часот ќе бидат на Илинденска заедно со повеќе други навивачки групи и многу други граѓани кои сметаат дека осудените за тероризам за 27 април се неправедно в затвор.

Линк до реакцијата

https://www.facebook.com/164815577682237/posts/936199213877199/