Се појави ли можниот наследник на Спасовски во МВР? (ВИДЕО)

Целосно изненадувачки денеска на прес конференцијата на СДСМ на тема МВР и работата на полицијата зборуваше пратеникот Дарко Каевски еден од неколкуте луѓе од таканаречениот “внатрешен круг” на Заев кој не доаѓа од Струмица .



Каевски кој нема никава врска со МВР, полиција, безбедност, борба со криминал и корупција во изјавата зборува дека
Министерството за внатрешни работи во континуитет спроведува ефикасни, темелни и неселективни акции во борбата против криминалот и корупцијата.

Каевски не е дел ниту од комисиите во Собранието кои се занимаваат со активностите поврзани со работата на МВР и затоа се поставува прашањето дали партискиот врв токму Каевски го планира за наследник на Спасовски ако тој мора да замине од својата позиција поради неколкуте афери и судири во СДСМ.

“Полицијата денес е партнер и заштитник на граѓаните и открива и спречува незаконски постапувања.

Доказ за професионалното ефикасно и неселективно постапување се и официјалните статистички податоци.

Споредбено со 2020 постои сериозно зголемување на запленета дрога и наркотици.

Според податоците, во првите три месеци во 2020 година била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април во оваа 2021 година, запленета е дрога од над 800 килограми.

Редовните сообраќајни контроли, неселективниот пристап во санкционирањето, доведоа до значително намалување на сообраќајните несреќи.

Во првите четири месеци од годинава за 10% се намалени сообраќајни незгоди со повредени лица, за 11.2% намалени сообраќајни незгоди со материјална штета, за 13.6% се намалени незгодите со загинати лица, а бројот на повредени лица е намален за 14,2%.

Јавноста сведочи и на бројни сложени акции што македонската полиција ги спроведува со своите стратешки партнери.

Денес полицијата е мотивирана да работи ефикасно и професионално затоа што постојано се унапредуваат условите за работа на припадниците на полицијата.

Во овие неколку години реконструирани се 54 објекти на Министерството за внатрешни работи а се градат и нови градби како што е Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп кој е веќе изграден, во тек е изградба на нова зграда на Крим техника со сите стандарди и почеток на изградба на Центар за странци.

Успесите на Министерството за внатрешни работи се видливи и признаени. Но, очигледно дека токму ваквите успеси се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија предводена од Христијан Мицкоски, шири лажни вести и измислува непостоечки конструкции.

Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, а полицијата постапува ефикасно, неселективно и во служба на законите”, се вели во изјавата на Каевски.

Каевски е екиномист и никогаш предходно ниту лични ниту во име на СДСМ не зборувал за МВР и полициски работи.

Што пишува во неговата биографија:

Каевски е дипломиран економист. Тој учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.

Политичка кариера

Својата кариера ја започнува во 2012 година со работа во геодетско друштво.

Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина Кисела Вода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.

Во 2014 година станува потпретседател на СДММ, и ја застапува оорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.

Тој претходно е и советник во општина Кисела Вода.

Во 2017 година станува директор на Агенцијата за млади и спорт, а веќе во 2020 и пратеник во Собранието на Република s. Македонија.