АА-А: Проектот „Брз автобуски превоз“ дискриминира по етничка основа

Елми Азири, пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива вели дека проектот за Брз автобуски превоз во Скопје ги „дискриминира граѓаните и општините по етничка основа”.



„…нашите информации кажуваат дека и во овој проект има дискриминација на граѓаните и општините и за жал може да се констатира и по етничка основа. Нашите информации велат дека брзата автобуска линија на релацијата исток-запад ќе се движи до населбата Порта Влае во Општина Ѓорче Петров, така што нема да оди до крајот на трасата, всушност граѓаните на Општина Сарај се исклучени од користењето на оваа брза автобуска линија, а станува збор за растојание дури за километар, кога би биле вклучени сите граѓани“, изјави Азири, пренесува „Слободен печат“.

За втората траса од Општина Бутел , пратеникот се сомнева дека ќе биде изградена бидејќи „во Чаир, Топанско Поле и Чаирчанка нема булевари и имајќи ја превид историјата на развивање на досегашните инфраструктурни проекти во Република Македонија, ние едноставно имаме дилеми дали оваа втора траса ќе се реализира“.