ВМРО-ДПМНЕ: Зошто прашањата за судии и обвинители биле кај Рашковски!

Што бараат прашањата за судии и обвинители кај Драги Рашковски – реагира ВМРО-ДПМНЕ – откако во канцеларијата на сега притворениот Рашковски на Правниот факултет во Скопје е пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинители, реагира ВМРО-ДПМНЕ.



„Уште поголем сомнеж фрла фактот што серверот на системот на Академијата за судии и јавни обвинители се наоѓа во влада, а каде до неодамна Рашковски беше генерален секретар. 

Во јавноста се појавија низа сомнежи кога дел од кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители имаа 100 од вкупно 100 можни поени на испитот.

Самиот факт што сега прашањата се најдени во кабинетот на Рашковски фрла дамка врз целиот процес и ЈО треба во целост да го испита претходните неколку конкурси, кои се спроведувани додека Рашковски бил на функција.

Постои сериозна опасност за нарушување на кредибилитетот на идните судии и обвинители, и ЈО мора да реагира – се вели во соопштението на опозициската партија.