Ова е извонредно лесен рецепт кој секој може да го направи. Во овој рецепт користиме шунка, сирење и моркови, но можете да испробате безброј различни варијации.
Потребни состојки:



-300 грама брашно

-300 грама шунка

-2 пакувања прашок за пециво

-200 грама моркови

-260 грама сирење

-25 грама сечкан магдонос

-150 милилитри јогурт

-360 милилитри кисело млеко

-6 јајца

-470 милилитри масло

Исечкајте ги состојките кои ќе ги ставиме во тортата. Шунката, сирењето, а потоа излупете ги и исечкајте ги и морковите. Не заборавајте го магдоносот.

Ова е компликуваниот дел. Се шегувам! Толку е лесно. Едоставно ставете се заедно и убаво измешајте. Со лажица мешајте ги состојките навистина убаво до дното на садот за да се раствори брашното. Овој рецепт има многу состојки но се подготвува многу бргу.

Ставете ја смесата во сад  намачкан со масло и печете во рерна со вентилатор 30 минути на температура од 160 степени. Можеби ќе Ви треба малку повеќе време во некоја помалку ефикасна рерна. Тортата ќе нарасне малку, не премногу, па затоа оставете малку место.

Извадете ја од рерна, оставете ја да се излади и потоа превртете ја. Ако се сеќавате, можете да проверите дали е печена со остар нож. Ако ножот излезе чист – спремна е за јадење.

Сервирајте ја тортата на голема чинија и исечете ја на парчиња. Овој рецепт е доста хранлив и со него можете да нахраните поголемо семејство. Но, ќе Ви треба повеќе отколку што мислевте затоа што е толку вкусен и луѓето секогаш ќе бараат репете.