ВМРО-ДПМНЕ казнет со 1 денар за навреда на градоначалникот на Куманово

За повреда на честа и угледот, ВМРО-ДПМНЕ треба да му плати надомест на штета од еден денар на градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, одлучи Основниот суд во Куманово.



Димитриевски го тужеше ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда, за инцидент пред 4 години на семејна прослава во еден кумановски ресторан, по што партијата на прес-конференција го обвини градоначалникот дека го предизвикал инцидентот.

За ваквите обвинувања Димитриевски поднесе тужба и бараше симболичен 1 денар и јавно извинување.

Тој денеска на прес-конференција јавно побара од ВМРО–ДПМНЕ да ја плати оштетата и да се извини.