Тој е навистина прекрасен прехрамбен производ и има главна улога во секоја култура во светот. Релативно е лесен за правење и правењето леб е активност која многу смирува.
Потребни состојки :
-900 грама бело брашно
-450 милилитри топла вода
-3 кафени лажички шеќер
-3 кафени лажички квасец
-1 супена лажица сол
-100 грама зелени маслинки
-сол и бибер
-маслиново маслo
Ставете ги шеќерот, квасецот и маслиновото масло во водата, измешајте и оставете ја смесата да отстои најмалку 5 минути. Тоа ќе му помогне на квасецот да се активира.

Земете голем сад и во него ставете 900 грама брашно и 1 супена лажица сол. Направете дупка во средината и во неа сипете ја смесата со активираниот квасец. Мешајте ја смесата, ставајќи ги и маслинките и превртете го тестото на работната маса. Убаво измесете 5-6 минути додека да добиете мазно тесто кое лесно се контролира. Ставете го во сад намачкан со масло, покријте го и оставете го на топло место 1 час да стасува.
По 1 час извадете го, измесете го неколку пати и оставете го да стасува уште 30 минути.
Пред да го ставите тестото во рерна, покријте го во тавата со маслиново масло и семе од сусам. Ставете го во рерна на 150 степени 45 минути. Ова е голема векна и потребно и е доста време да се испече одвнатре.





