Овој рецепт е многу едноставен, но сигурни сме дека ќе стане омилен за оние кои сакаат да се хранат здраво. Ова е слатка зачинета манџа направена со слатка пченка, црвен и обичен грав која ги содржи сите состојки потребни за да имате енергија во текот на денот, но таа исто така го продолжува животниот век.
Потребни состојки:-
-1 конзерва слатка пченка-
-1 конзерва црвен грав
-150 грама обичен грав
-2 до 3 лажици лут црвен пипер
-250 милилитри доматна пасата
-3 лажици доматно пире
-1 голема главица бел кромид
-3 до 4 чешниња луk
-сол и бибер
-маслиново масло

Подготовката на овој рецепт е многу лесна – полесна не може да биде. Крупно исечкајте ги кромидот и лукот и ставете ги сите состојки во експрес лонецот – со додавање на обилна количина доматно пире можете да одредите колку јадењето е зачинето, а тоа дополнително ќе го згусне сосот и ќе му даде боја.
Јадењето гответе го 45 минути со регулаторот поставен на 2 и кога ќе биде готово ослободете го притисокот.
Чилито го сервираме со басмати ориз. Со лажица ставете од чилито врз оризот и спремни сме за јадење!





