Продолжуваат напорите за мирно решавање на конфликтот во Западна Сахара кој од почетокот на седумдесетите години на минатиот век однесе илјадници жртви и предизвика раселување на десетици илјади луѓе.
Најновата политичка сила во регионот каде се судираат таканаречениот народен Фронт Полисарио и Мароко е Движењето Сахрави за мир (СМП) е основано, на 22 април 2020 година, од Лај Барикалах, поранешен официјален претставник на полисарио и претставник во Јужна Америка и Шпанија.
При основањето на СМП, Лахај Барикалах се огради од “лошото управување, племенството и политичкиот тоталитаризам на Полисарио и од неговите корумпирани водачи кои се збогатуваат на сметка на логорите преку пренасочување на хуманитарна помош и нелегални активности”.
СМП го осудува терористичкиот карактер на Полисарио, репресијата на политичките противници во логорите, недостатокот на слобода на изразување и правото на информации и други повреди на човековите права.
СМП е нова независна политичка сила Сахрави која се стреми да стане втора референтна точка на политичката сцена на овој регион и да придонесе за изнаоѓање мирно решение на конфликтот во Западна Сахара.
При формирањето СМП пред јавноста ги постави прашањата за репрезентативноста на населението Сахрави наспроти меѓународната заедница.
СМП се потпира на дијалог и преговори со цел да се постигне решение за конфликтот во Сахара. СМП бара средна патека која се движи помеѓу решенијата предложени од Мароко и Полисарио.
СМП го охрабрува раководството на Полисарио, и сите други политички движења и организации на Сахрави, да воспостават дијалог со цел да се координира заедничката стратегија што ќе овозможи мирно и трајно решавање на конфликтот.
СМП ги повикува меѓународните организации и институции да се вклучат во полза на мирот во Сахара.






