Европската комисија има намера да покрене судски процес против производителот на вакцини „АстраЗенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.
На состанокот на амбасадорите на ЕУ во средата, повеќето земји изјаснија дека поддржуваат поднесување тужба против компанијата за неуспехот да и бидат доставени дозите за кои се обврзала пред ЕУ.
Компанијата, до крајот на првиот квартал од годинава, испорачала 30 милиони дози на земјите од ЕУ, а не 100 милиони колку што беше договорено.
Тоа нанесе штета на кампањите за вакцинација низ цела ЕУ, пишува Политико.
Компанијата вети дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал, до кога требаше да ги испорача сите 300 милиони дози според договорот со ЕУ.







