Општина Аеродром потрошила 65 илјади денари за една чешма, објави вчера Скопје инфо, а веќе денеска на социјалните мрежи се споделува дека ова не било единственото „луксузирање“.
Според податоци од Електронскиот систем за јавни набавки се гледа дека општинската администрација за еден обрач на кош платила 15 илјади денари без ДДВ.
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Митевски на својот фејсбук профил објави документи за овој скандал..






