Слави Трифонов и официјално одби колиција со Борисов

Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов објави дека одбива да учествува во преговори за коалицирање со ГЕРБ на Бојко Борисов.



По ова извесно е дека до утре, партијата на бугарскиот премиер во оставка сега ќе треба да го врати мандатот за составување влада.

„Изјавуваме дека дури и пред конституирањето на овој парламент „Има таков народ“ “јасно изјави дека нема да учествува во преговори со партиите од статус-квото“ пишува во одговорот на партијата на Трифонов која беше второпласирана на изборите.

И „Демократска Бугарија“, категорично одби коалиција.