Рашковски ќе оди во притвор во Шутка – прифатена е жалбата на обвинителството, објави пред малку Радио Лидер.
Судот ја прифатил жалбата која ја поднесе Основното јавно обвинителство за одлуката Драги Рашковски да биде во домашен притвор, пишува порталот.
“Наместо дома, тој ќе биде префрлен во истражниот затвор во Шутка” , дознава Радио Лидер.
Како што дознава порталот желбата е прифатена попладнево и се очекува поранешниот генерален секретар на владата и близок соработник на Заев да биде пренесен во Шутка уште денес.
Во едно од делата з акое се гони Рашковски се терети за случај во кој злоупотребил државни пари и набавил софтвер чиј автор е и самиот. Софтверот не бил потребен на МВР.
Извор Лидер.мк






