Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи” им честита на уставните судии за поведената постапка по нивната иницијатива за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки.
„Оваа историска победа е за сите граѓани во државата …“!, стои во денешното соопштение од Здружението.
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.






