Потребни состојки :



-500 грама пилешки џигерчиња
-1 големо чешне лук
-2 лажици соја сос
-Сол и црн бибер
-Масло за пржење

Во загреанa тава ставете малку масло, па пилешките џигерчиња да се пржат.

Откако малку се потпржиле, исечкајте го лукот и додајте го на џигерчињата, а по него додајте го и соја сосот. Добро промешајте и гответе десетина минути, или додека џигерчињата да бидат готови.

Сервирајте ги декорирани со магдонос, како предјадење, но може да се послужат и со пире или варен ориз како главно јадење.