Средношколците контра Царовска – не сакаат по цел ден да се пред комјутер

Side view of teacher with students using computers in classroom

По празниците најавен е протест на средношколците доколку министерката за образование Мила Царовска не се премисли за електронските учебници.



„Сметаме дека одлуката за воведување на електронски учебници е лоша најпрво од здравствен аспект, свесни сме сите, а и докажано е дека долгорочно седење пред компјутерските екрани е штетно. Другиот битен аспект е што постојат голем број на училишта без основни услови за настава и со самото тоа голем број училишта не се опремени со компјутери за да функционира тоа.

Министерката изјави доколку учениците немале можност за таква настава ќе требало да ги фотокопораат учебниците, но тоа е финансиски невозможно за некои семејства.

„Протести ни се единственото решение доколку министерката продолжи со инаетењето и едноумието, но се надеваме дека министерката ќе се освести “, велат од Средношколски глас.

Side view of teacher with students using computers in classroom