Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се заканува со тужби против медиумите што вчера објавија дека седел во кафеана по почеток на полициски час.
Богдановиќ целосно ги отфрла и демантира информациите дека во текот на изминатиот ден седел во кафани за време на полициски час и прекршувал закони.
“Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа ќе покренам граѓански спор”, објави Богдановиќ.
Според објавените фотографии и видео од повеќе медиуми Богдановиќ вчера околу 2130 минути заедно со други луѓе седи во угостителски објект кој не смее да работи за гости.
Зошто Богдановиќ морал да го пречекува и да сместува спортистот во полициски час и зошто го демантира очигледното седење во кафеаната во полициски час засега останува нејасно.
На фотографиите од седенката во кафеана се гледаат уште две лица заедно со Богдановиќ пред кои има чаши што значи дека или самите се послужиле со пијалок или некој од локалот им дал да се напијат.
Досега ниту еден медиум не му се извини на Богдановиќ што најверојатно значи дека тој ќе покрене тужби против десетина медиуми кои објавија дека за време на полициски час седел во кафеана.
Зошто нема да одговара Богдановиќ
Креативен градоначалник во полициски час
За да не биде казнет Скопјанецот Богдановиќ се сместил во скопски хотел






