Црногорската полиција објави дека во Котор синоќа се уапсени повеќе лица, а меѓу нив наводно и шефот на кавачкиот криминален клан Слободан Кашќелан, неговиот телохранител Владимир Вичковиќ и Милош Радоњиќ и Крсто Марош.
На Твитер налогот на полицијата на Црна Гора е објавено видео од приведувањето и носењето во полициска станица.
-Службеници на полицијата превземаат планирани активности насочени кон криминални групи. Уапсени се повеќе лица. Активностите се во тек, стои во објавата.
Како што наведува весникот „Вјести“, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, тој бил уапсен поради сомнение дека организирал криминална група која планирала и извршила тешки кривични дела за кои следува затворска казна до 40 години.
Во акцијата, како што се наведува, уапсени биле уште најмалку четири лица.
Линк до видеото: https://twitter.com/PolicijaCG/status/1384776471261106179





