Интерпелација за министерот Оливер Спасовски

Интерпелација за министер за внатрешни работи деенеска, на предлог на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, е на дневен ред во Собранието.



Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја поддржи интерпелацијата за работата на Спасовски.

Пратениците денес ќе одлучуваат и за предлог одлуката за продолжување на кризната состојба во цела држава поради влезот и транзитирањето на мигрантите, со цел спречување и заштита на јавното здравје на граѓаните во време на пандемија.