Откако во телефонски разговор со својот украински колега Дмитро Кулеба ѝ даде поддршка на Украина во тековната ескалација на односите со Русија, шефот на дипломатија Бујар Османи на Телма ја образложи новата улога на Македонија во светот, според него.
„Ние сме земја-членка на НАТО која веќе не е корисник на проекти за стабилност, туку напротив, придонесува во регионалната стабилност. Не е веќе објект на масата, туку е субјект кој седи со најсилните земји во светот на масата на НАТО и ние имаме став кој го извезуваме и во рамки на Сојузот, и во рамки на ЕУ, и во сите форуми во кои разговараме“, изјави Османи.






